Search

Враќање на Џони Деп во „Пиратите од Кариби“ за 301 милион долари

Светските медиуми пишуваат за фактот дека на повидок е нов договор меѓу холивудската ѕвезда Џони Деп и филмската компанија „Дизни“ за продолжување на снимањето на шестиот дел од „Пиратите од Карибите“ и неколку серии епизоди со авантурите на Џек Спероу.

Деп и Дизни раскинаа по аферата на актерот со поранешната сопруга, колешката Амбер Херд, која го обвини за физички напади и повреди. Дизни веднаш ја прекина соработката со Деп, но по пресудата на судот во корист на Џони Деп, филмската компанија се премисли.

Инвестицијата на Џек Спароу во франшизата, која заработи неверојатни пет милијарди долари за пет продолженија, остави таква трага што дури и компанијата „Дизни“ почувствува дека не може да оди напред без Деп.

Пазарењето, како што дознаваат одредени американски медиуми, е блиску до крајот. Договорот, велат, е Деп да добие околу 300 милиони долари за продолжението на снимањето. И дека, во исто време, ќе му биде исплатен уште еден милион за добротворни цели што ги одредил самиот актер, во знак на добра волја од „Дизни“ кон Деп.

Дали креаторот на лудиот лик Џек Спароу ќе потпише нов договор ќе се знае за неколку дена.

Треба да знаете
Последни објави