Search

Лејди Гага снимена како се држи за рака со поранешното момче

По краткото појавување на „Saturday Night Live“, пејачката и актерка Лејди Гага беше видена како се држи за рака со нејзиното момче Мајкл Полански додека ја напуштаа афтер забавата со остатокот од актерската екипа.

Гага носеше кожна јакна со бели реси, црни хулахопки и потпетици со многу висока платформа со патент. Косата и беше залепена во тесна пунџа, а својот изглед го комплетираше со црни очила за сонце и темен кармин. Нејзиното момче Мајкл носеше темно кафеава јакна над црна маица, црни фармерки и пар сини патики. Додека поминувале покрај камерата, парот се држел за раце, а Мајкл ја задржал насмевката на лицето.

Пејачката и технолошкиот магнат првично се разделија на почетокот на оваа година по тригодишна врска, но останаа во пријателски односи. Двојката првпат се поврза романтично околу Новата 2019 година, а врската ја потврди во 2020 година на Инстаграм, каде на фотографија се гледа како парот се гушка на јахта во Мајами.

Треба да знаете
Последни објави