Search

Ферстапен победи и на спринт трката во Остин

Старо-новиот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, успеа да ја сочува пол-позицијата и да дојде до третата спринт победа оваа сезона, со што стана првиот возач на кого му успеал ваков подвиг.

Холандскиот возач во текот на сите 19 круга имаше водство, а единствен кој му задаваше проблеми беше Луис Хамилтон, но само во почетната фаза од трката. Освен за нив двајца, место на подиумот имаше и за возачот на Ферари, Чарлс Леклер, кој вечерва на главната трка ќе стартува од пол-позицијата.

Бодови уште зазапишаа и Норис, Перес, Сајнц, Гасли и Расел.

Главната трка за ГН на САД се вози вечерва со почеток во 21 часот.

Треба да знаете
Последни објави