Search

Мицотакис: Ниту една воена интервенција не може да замени остварливо политичко решение

Иднината што ја сакаме за овој регион, иднина на одржлив мир, стабилност и просперитет, може да се постигне само со одново започнување на мировниот процес врз основа на решение на две држави. И ако едно нешто треба да ни биде јасно на сите, тоа е дека ниту една воена интервенција не може да замени остварливо политичко решение, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на Самитот за мир во Каиро, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека основната порака што треба да произлезе од денешниот Самит е осуда на тероризмот во сите негови форми, како и тага за загубата на животите, додавајќи дека и на двете страни има невини жртви. 

Ја повтори позицијата на Грција дека Израел има право на самоодбрана, но во согласност со меѓународното и хуманитарното право. 

-Во исто време, мора да бидеме искрени во нашата проценка: Хамас е терористичка организација која предизвикува неискажливи страдања и на Израелците и на Палестинците. И ќе треба да одговара. Хамас не е палестинскиот народ и не треба да го мешаме тоа. Палестинскиот народ не го заслужува ова. Претседателот Абас, кој ја предводи палестинската власт, со право и храбро се изјасни против насилството уште од првиот ден на кризата, рече Мицотакис и додаде дека сегашната ситуација носи сериозни ризици од регионална ескалација.

Посочи дека Грција е во координација со партнерите од ЕУ и подготвена е да придонесе за секоја мировна иницијатива.

Треба да знаете
Последни објави