Search

РК Еурофарм Пелистер поразен и во Загреб со 27:18

 Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Загреб го доживеаја петтиот пораз во европската Лига на шампионите, каде истоимениот тим ги совлада со 27:18 (10:10).

Битолчани со наведнати глави ја напуштија загребска Арена, иако пред натпреварот најавија изненадување кое беше реално само во првите 30 минути од средбата, бидејќи резултатот беше израмнет – 10:10.

Можноста за изненадување заврши во 35 минута кога португалските судии доделија директен црвен картон на македонскиот репрезентативец Ненад Костески, а со тоа значително го ослабија тимот на битолчани. Набрзо следеше и второ исклучување кај гостите за Петровиќ, со што на домаќините им се создаде простор за рутинска победа, на крајот изразена со 9 голови предност.

Најефикасни на натпреварот Загреб – Еурофарм Пелистер беа домашните играчи Кафтиќ и Кос кои постигнаа по 5 голови.

Треба да знаете
Последни објави