Search

Форин офисот им советува на Британците да не патуваат во Либан

Министерството за надворешни работи на Велика Британија издаде соопштение во кое советува да не се патува во Либан.

Граѓаните на Велика Британија кои што моментално се наоѓаат во земјата се повикани да заминат додека се достапни комерцијални летови.

Потегот следува по денешните насилни демонстрации во Бејрут по експлозијата во болницата Ал Ахли во Газа.

По избувнувањето на конфликтот, има и ескалација на непријателствата долж либанско-израелската граница.

Треба да знаете
Последни објави