Search

Никој не сака да ги купи ТВ-правата за француската Лига 1

Француските медиуми објавија дека се пристигнати нула понуди за продажба на ТВ правата за Лига 1, за периодот од 2024 до 2029 година.

Француската професионална фудбалска лига (ЛФП) објави тендер за продажба на ТВ права за наведениот период.

Побарувањата на ЛФП не беа мали, но во споредба со некои други неодамнешни набавки направени во нашатето опкружување тие се мали.

За откуп на ТВ права со право на прв избор се барани 530 милиони евра, а за „втор избор“ 270 милиони.

„До крајот на рокот за истакнување понуди не пристигна ниту една“, пишува Спорт Клуб.

Однапред се знаеше дека „Канал+ “, нема да ја истакне понудата и првпат овој канал се повлекува од француското елитно натпреварување, првпат од 1984 година.

Според сегашните договори, „Amazon Prime Video“, прикажува осум натпревари неделно, а „Канал+“ два со дополнителен договор со „BeIN sport“.

Треба да знаете
Последни објави