Search

И Лапорта обвинет во истрагата за подмитување судии

Претседателот на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Жоан Лапорта, е обвинет денеска во рамки на истрагата за наводно подмитување судии, објави шпанското правосудство.

Лапорта, кој беше претседател на клубот од 2003 до 2010, досега не беше меѓу обвинетите за корупција во случајот против поранешните челни луѓе на каталонскиот клуб, Жосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, како и поранешниот високо позициониран шпански фудбалски судија Жозе Марија Енрике Негреиро и неговиот син.

Во својот денеска објавен извештај, истражниот судија објасни дека, според негово мислење, поради сериозните обвинувања, случајот не може да застари.

Според Обвинителството, Барселона на Негреиро му исплатила повеќе од 7.3 милиони евра во периодот меѓу 2001 и 2018 година. Исплатите биле реализирани преку компанијата „Даснил 95“ (Dasnil 95), во сопственост на Негреиро.

Скандалот, наречен „афера Негреиро“ веќе со месеци виси над каталонскиот фудбалски гигант, кој негира вмешаност во случајот. 

Треба да знаете
Последни објави