Search

Демостат: Србите од Косово најмногу му веруваат на КФОР

Србите од северот на Косово имаат најголема доверба во мировната мисија предводена од НАТО – КФОР, што беше особено видливо по неодамнешната ескалација на безбедносната ситуација во Бањска, објави белградскиот истражувачко-издавачки центар Демостат.

„Српската заедница во Косово припадниците на КФОР ги доживува како професионални и независни, за разлика од некои други меѓународни фактори кои често се перцепирани како „проалбански“, се наведува во денеска објавената анализа на Демостат, базирана врз испитување на фокус групи.

„Дел од Србите кои живеат во северниот дел на Косово и Метохија сметаат дека акцијата на вооружената група, која заврши со смрт на еден косовски полицаец и три српски момчиња, нанела огромна штета на српската заедница“, објави Демостат. Се додава дека истрагата преку фокус групи покажала дека Србите од Косово немале, и немаат големи очекувања од властите во Приштина.

„Одделни жители на општините на северот на Република Косово дури наведуваат дека КФОР е единствениот фактор на кој му веруваат, што се објаснува со губењето верба во Владата на Србија, како и во  Српска листа, кој е лојален на официјален Белград“, соопшти Демостат.

Таа организација заклучува дека и онака ниските очекувања од властите во Приштина целосно исчезнале откако на чело на Владата на Косово е Албин Курти, кој одбива да формира Заедница на општини со мнозинско српско население, договорена со Бриселскиот договор од 2013 година. 

Треба да знаете
Последни објави