Search

Вучиќ: Мали и Сијарто го потпишаа решението против Бугарија, Орбан и јас одобривме

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој присуствува на Третиот меѓународен форум Појас и пат во Пекинг, реагираше на зголемувањето на таксите на Бугарија за рускиот гас од гасоводот Турски поток за Србија и Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ние и Унгарците вчера реагиравме со заедничка изјава, Синиша Мали го потпиша решението со Сијарто, Орбан и јас го одобривме – чудни работи се случуваат, гасот повторно скока, нафтата повторно скока. За еден ден по израелско-палестинскиот конфликт, се договоривме да не дозволиме да расте дизелот без оглед колку треба да платиме за него, рече Вучиќ.

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, во заедничка изјава наведоа дека одлуката на Бугарија да воведе данок на рускиот гас, кој се испорачува преку нејзина територија, е непријателски чекор, насочен против Унгарија и Србија, објавено е на веб-страницата Владата на Србија.

– Оваа нова бугарска регулатива го загрозува безбедното снабдување со енергија во Унгарија и Србија, се наведува во соопштението.

Исто така се додава дека Европска Унија нема воведено санкции за испораките на природен гас од Русија, па аргументот на бугарскиот премиер е целосно неточен.

Ваквата одлука, се посочува во соопштението, ја поткопува европската солидарност и ја загрозува енергетската безбедност и на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати.

– Унгарија и Србија ќе ги усогласат своите ставови и ќе одговорат на соодветен начин на оваа контроверзна одлука на Бугарија, се наведува во заедничката изјава на Мали и Сијарто.

Треба да знаете
Последни објави