Search

УНРВА: Во Газа за шест месеци се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години

Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, рече дека во појасот Газа во последните шест месеци биле убиени повеќе деца отколку во сите светски конфликти во последните четири години.

-За шест месеци беа убиени повеќе од 30.000 луѓе. Знаеме дека меѓу нив има 13.000 деца. Знаеме дека во Газа за шест месеци се убиени повеќе деца отколку во сите конфликти ширум светот во последните четири години. Затоа, тоа е невидено по обем, како и по степенот на уништување – вели Лазарини во интервју за Тас.

Тој додаде дека вкупно 180 работници на УНРВА се убиени во енклавата од почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и дека не ја исклучува можноста да побара правда пред Меѓународниот кривичен суд за смртта на вработените.

Треба да знаете
Последни објави