Search

Енергетските задруги заштеда на вашиот џеб

Енергетските задруги во Европа и во Светот придонесоа да се намали ценовниот шок, а на пример во некои австриски помали места и не знаат што е покачување на цената, а во Данска пак воопшто и да не почуствуваа некои посериозни потреси.

Таму, повеќе од две децении имаат енергетски задруги и се енергетски независни.

Ова не е непознато за Македонија. Како поим се истакнува и во новиот закон за енергетика. Ова значи дека, во моментов граѓаните мора да се организираат и да побараат во новиот правилник да се внесе производство и продажба од енергетска задруга преку сопствен дистрибутивен пренос.

Што предвидува можноста? Лесно може да се случи во станбени комплекси кои имаат дуќани, станарите да се соберат и да направат производство до 6KW/H или пак до 40Kw/h, како правен субјект и струјата да ја продадат на дуќанот по повластена цена.Тука може и сопственикот на дуќанот, ако е поголем да се собере со станарите и да изградат ваков систем.

Средствата кои би ги собрала задругата може да ги внесе во заедничкиот фонд и тие да бидат искористени за тековно одржување на заедничките простории.

Минатиот викенд се одржа работилница, а претходно неколку пати се споменува дека, воопшто задругарството е единствен излез од монополските стеги. Се очекува во скоро време да се изработат правилници, а во моментов „ИРЗ“ веќе има и распишано повик за основање на енергетски задруги кои делумно ќе бидат грантирани и од самата организација.

Игор Мицкоски

Треба да знаете
Последни објави