Search

Битиќи: Во финални преговори сме со Хјундаи и ЛГ да донесат дел од производството во нашата земја

„Со Јужна Кореја градиме нова економска историја. При посетите таму разговаравме дека по пандемијата на ковид, може да се направи доближување на вредносните ланци. Корејските компании се присутни во Европа, но нивното производство е во Далечниот исток, што се покажа како проблематично во Ковид“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека државата не цели на финални производи, бидејќи за тоа треба висококвалификувана работна сила, но се цели на пренесување на дел од производството во Македонија.

„Веќе сме во добри разговори со Hyundai и LG да ги донесат истражувачките центри. Вообичаено тие носат подобро платени места и поквалификувана работна сила. Имавме состанок со претседателот Стево Пендаровски во Њујорк со претседателот на Јужна Кореја“, истакна Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека постои голем интерес за соработка и инвестиции и дека во следните денови ќе се потпише меморандум со цел да се отвори просторот за меѓувладина соработка, но и на компании и влади.

Треба да знаете
Последни објави