Search

Кошаркарите на Барселона го победија Олимпијакос

Кошаркарите на Барселона го победија вечерва во Атина Олимпијакос со 77:68 (23:16, 17:18, 16:20, 21:14), во натпреварот од второто коло од Евролигата.

Барселона ја предводеа Николас Лапровитола со 17 поени и седум асистенции и Алекс Абринес со 16 поени. Рокас Јокубаитис додаде 10 поени, а Јан Весели осум поени, четири скока и четири украдени топки, пренесува Бета.

Српскиот кошаркар Никола Калиниќ го заврши натпреварот со осум поени, шест скока и три украдени топки.

Во грчкиот тим најефикасни беа Томас Волкуп со 14 поени, Алек Петерс со 11 поени и српскиот репрезентативец Никола Милутинов со 10 поени.

Барселона има две победи во две кола, а Олимпијакос има победа и пораз.

Во следното коло Барселона во вторник гостува во Белград кај Партизан, а Олимпијакос во Милано.

Треба да знаете
Последни објави