Search

Арсовска: Советниците да ја изгласаат одлуката за 250 еко-автобуси, бесплатниот јавен превоз ќе се буџетира во 2024 година

Пред советниците беше доставена одлуката со која требаше да почнат сукцесивно да се набавуваат 250 еко-автобуси, меѓутоа кај нив за жал свесноста не е на тоа ниво да разберат дека за нашите граѓани е неопходно да имаат јавен превоз со кој ќе стигнат до секоја можна локација. Апелирам во интерес на граѓаните да ја изгласаат оваа одлука, затоа што ова е нешто кое што не би требало да има политичка заднина, порача денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-За реализација на овој проект веќе десетина пати пред советниците беше доставена одлуката, со која требаше овие 250 автобуси да почнат сукцесивно да се набавуваат. Меѓутоа, за жал, кај нив свесноста не е на тоа ниво да можат да разберат дека за нашите граѓани е неопходно да имаат јавен превоз кој што ќе стигне до секоја можна локација, до секое населено место, сите да можат децата да си ги испратат на училиште и да стигнат до своите работни места навремено. Ова е нешто што треба да го направат во интерес на електоратот и на сите оние кои што ги избрале на изборите, изјави Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање, по промоцијата на проектот „Подобрување на водоснабдувањето за населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Чајлане и Семениште“.

Во делот на бесплатниот јавен превоз, Арсовска рече дека ова е проект што ќе се буџетира во 2024 година. Одлуката ќе биде ставена пред советниците кога ќе гласаат за буџетот во 2024 година.

-Најавувам дека од следниот буџет, веќе го буџетираме бесплатниот јавен превоз за сите граѓани. Ќе биде ставена и оваа одлука пред советниците кога ќе гласаат за буџетот во 2024 година, додаде Арсовска. 

Треба да знаете
Последни објави