Search

Обновен воздушниот сообраќај од аеродромот во Хамбург

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хамбург, што беше во прекин поради закана за бомба на авион од Иран, е обновен, објави попладнево аеродромот на својата веб-страница.

Претходно, аеродромската управа соопшти дека се суспендирани сите полетувањата и слетувањата поради полициски мерки.

Портпаролот на аеродромот во Хамбург изјави дека летовите се суспендирани поради добиена закана дека ќе биде нападнат авион од главниот град на Иран, Техеран. Но, тој не прецизираше за каква закана стануваше збор. 

Треба да знаете
Последни објави