Search

Наскоро нема да има можност за сместување на раселените лица во Појасот Газа

 Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека наскоро нема да има можност за сместување на раселените лица во Појасот Газа.

Директорката за комуникации на УНРВА, Тамара Алрифаи изјави дека речиси 137.000 луѓе досега се сместени во повеќе од 70 училишта на ОН низ Појасот Газа. Таа додаде дека Агенцијата може да смести до 150.000 луѓе во 79 училишта во Појасот Газа, како и дека енклавата има за уште десет дена.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа по нападот на борците на Хамас врз Израел во текот на викендот.

Треба да знаете
Последни објави