Извор од египетската тајна служба тврди дека Израелците биле предупредени дека ќе се случи нешто големо

Функционер на египетското разузнавање изјави дека Египет, земја која често дејствувала како посредник меѓу Израел и Хамас, неколку пати разговарала за „нешто големо“ со Израелците, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој вели дека израелските власти биле фокусирани на Западниот Брег и ја игнорирале заканата од Газа. Владата на Нетанјаху е составена од поддржувачи на еврејските доселеници од Западниот Брег, кои побараа безбедносни мерки соочени со растечкиот бран на насилство таму во последните 18 месеци.

– Ги предупредивме дека доаѓа експлозија на ситуацијата, и тоа многу брзо, и дека ќе биде голема. Но тие ги потценија таквите предупредувања, вели функционерот, кој сакал да остане анонимен бидејќи не е овластен да зборува за медиумите за содржината на чувствителните разузнавачки дискусии.

Египет стана првата арапска земја што склучи мир со Израел во 1979 година, но политиката на Израел кон Палестинците го прави непопуларен кај многу Египќани. Полицаец вчера уби двајца израелски туристи и нивниот водич во египетскиот град Александрија.

Треба да знаете
Последни објави