Search

Поскапуваат над 1.000 артикли поради зголемената стапката на ДДВ од 5 на 10 отсто

Од утрово полни раце работа за вработените во трговските маркети, бидејќи стартуваше примената на зголеменото ДДВ од 5 на 10 отсто на повеќе од 1.000 производи. Владата очекува со оваа измена да се соберат во буџетот дополнителни 70 милиони евра.

На долгата листата со ревидирани цени се најдоа замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази ќе бидат дополнително оданочени. Повластена даночна стапка од 5 отсто повеќе ќе нема и за лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли.

Од листата со повластена стапка отпаѓаат и храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините…

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по рекацијата на граѓаните остави простор дека може да има ревизија за некои продукти. Тој денеска рече дека може да е пропуст и дека за десетина производи нема проблем да се направи измена. Го посочи цвеклото како здрава храна со ДДВ од 10 посто, и најави дека ќе се ревидира. 

– Маркетите треба да започнат од денеска да ги менуваат цените од производите. Веќе во вторник имаме закажано седница на влада и може да се ревидира одлуката. Не гледам голем проблем за корекција на десетина производи, кажа Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави