Search

Одбележан јубилеј и откриена спомен плоча во Архео Парк Бразда

Во Архео Парк Бразда вчера свечено одбележан 10 годишниот јубилеј од отварањето на паркот, а воедно беше откриена и спомен плоча во чест на проф. др. Иван Микулчиќ, пронаоѓачот на владетелската гробница, соопшти Институт за археолошки истражувања-Скопје.

Идејата започна од група тогашни студенти кои имаа желба, монументалната владетелска гробница од 5 век п.н.е. да ја уредат и да ја претворат во туристичка атракција. ЗГ Инситут за археолошки истражувања – Скопје во партнерство со Музејот на Македонија, а поддржано од АД ЕЛЕМ преку својата програма за општествена одговорност излезе на терен за да ја смени сликата за ова значајно културно наследство. Архео Парк Бразда стана нова туристичка атракција во непосредна близина на главниот град, а воедно и континуирано ќе придонесува за развој на туризмот во рурална средина.

Приказната трае веќе цела деценија и се надеваме на уште успешни години.

На настанот беа присутни претставници од на Археолоши музеј, Министерството за култура, градоначалникот на општината Чучер Сандево, вработени од другите културни установи, соработници и пријатели. Проектот е финансиран од годишната програма за култура на Министерство за култура, а е во соработка со НУ Археолошки музеј.

Треба да знаете
Последни објави