Search

Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во Индија

Најмалку 10 лица загинаа, а 82, од кои 23 припадници на армијата, се водат како исчезнати по обилните врнежи предизвикани од невремето во индиската држава Сиким, соопштија денеска локалните власти.

Во североисточната индиска паднаа 40,9 милиметри дожд помеѓу вторникот и средата наутро, соопшти Индискиот метеоролошки оддел (IMD) – речиси пет пати повеќе од нормалната стапка од 8,6 милиметри за овој период од годината.

– Досега се извлечени 10 тела од различни локации. Уште најмалку 82 лица се водат како исчезнати, а 22 лица се повредени, некои од нив сериозно, рече главниот секретар на Сиким, В. Б. Патак.

Треба да знаете
Последни објави