Search

Во „Синеплекс“ утре премиера на филмот „М“ на Вардан Тозија

Во кино салите на „Синеплекс“ во Скопје утревечер премиерно ќе се прикажува филмот „М“ на Вардан Тозија. По  премиерната проекција, публиката ќе може да го погледне филмот во кино салите во Скопје и во останатите градови низ државата.

Станува збор за дистописката приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила.

-Од колку слоеви и да е изградена приказната, темата е секогаш базична. Секогаш постои мал зрак светлина што не’ води низ најмрачните лавиринти. Никогаш не е доцна да се обидеме да го вратиме светот кој дозволивме да ни се уништи. Од 5-ти октомври, филмот ќе се прикажува во сите кина кои се на располагање на домашната публика. За жал, ги нема многу, изјави Тозија.

Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург.

Треба да знаете
Последни објави