Search

САД го тужат Амазон за зголемување на цените и истиснување на конкуренцијата 

Федералната трговска комисија (ФТК) и 17 сојузни држави покренаа тужба против онлајн продавницата Амазон за монополизација на пазарот, една од најсериозните досега.

Амазон започна како онлајн продавница за книги кон крајот на 1990-те за потоа да стане позната како „продавница за сѐ“, со огромна понуда на разновидна продукција за широка потрошувачка, со логистичка мрежа низ целиот свет и станувајќи силна компанија во технолошкиот сектор.

Во обемната тужба oд 172 страници се тврди дека ритејл гигантот ja злоупотребува својотa монополска моќ и ги зголемува цените за купувачите и продавачите. 

Тужбата се фокусира на разбрануваните односи на Амазон со помалите продавачи. ФТК вели дека компанијата ги заробува продавачите со договори и им наплаќа високи провизии. Амазон исто така може да ги потисне останатите продавници на својата или на други платформи со понуда на свои производи по пониски цени. Ова значи дека купвачите може да не добиваат производи со повисок квалитет. Од друга страна, компанијата им налага на продавачите да ги продаваат своите произвди по цени пониски од каде и да било на интернет, наместо тоа да им даде можност на продавачите да продаваат по конкуретни цени.

Тужбата е и поради високите цени на претплатата Амазон прајм и сложената процедура на откажување од оваа претплата. 

Од Амазон тврдат дека ако судот одлучи против неа, резултатот ќе биде повисоки цени, поспори испораки и помалку опции за купувачите и бизнисите. 

Треба да знаете
Последни објави