Search

Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители

 Советот на јавни обвинители на денешната 85. седница за нов претседател ја избра Душица Димитриеска, а Иџет Мемети за нов заменик претседател.

Јавната обвинителка Душица Димитриеска е член на Советот од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар.

– На ден 27.09.2023 година, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ја одржа 85 -та седница на Советот. На истата беше констатиран престанок на мандат претседател на Советот поради истекот на времето за кое е избран г-дин Антонио Јолевски заклучно со 30.09.2023 година. Воедно се спроведе избор на нов претседател на кое што едногласно за претседател беше избрана г-ѓа Душица Димитриеска-јавен обвинител која е член на Советот од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар, а за заменик претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија беше избран г-дин Иџет Мемети, информираат од Советот на ЈО. 

Треба да знаете
Последни објави