Search

ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци на локации нотирани како високо ризични за пешаците

Град Скопје, во рамките на програмата “За Модерно Скопје”  отпочна со поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минати години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста.

Поставени се нови знаци на бул. Партизански Одреди кај пазарчето во Ѓорче Петров, на булевар Метрополит Теодосиј Гологанов кај Алумина,  и на булеварот АСНОМ.

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фрекфентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот.

Ваквите сообраќајни и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60% што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие лед сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70%.

Контрастот на клучните информации на Лед сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35%. Со овој вид сигнализација функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Треба да знаете
Последни објави