Search

Ракометарките на Ѓорче Петров убедливо го совладаа тимот на Тиват

Екипата на Ѓорче Петров со победа ги започна натпреварите од Европскиот куп. Исто како и лани така и оваа сезона „лавиците“ настапот во Европскиот куп го почнаа од втората рунда.

Во третото по ранг европско натпреварување тие вечерва во спортската сала „Автокоманда“, забележаа убедлив триумф со 43:22 над црногорскиот тим Тиват.

Реваншот е закажан на 1 октомври во Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави