Search

Артета за ремито со Тотенхем: Бевме емотивно погодени од вториот примен гол, ни недостигаа смиреност и умешност во нападот

Тренерот на Арсенал, Микел Артета го сподели своето мислење за денешниот натпревар против градскиот ривал Тотенхем.

Арсенал и Тотенхем одиграа 2:2 во натпреварот од 6. коло на Премиер лигата.

– Секако дека сме разочарани што не ги освоивме трите бода, особено кога двапати поведовме. Примивме голови при двете наши водстав, а можевме да ја зголемиме разликата. Вториот примен гол имаше негативно влијание врз тимот. Паднавме емоционално. Потоа играта доби контранападен карактер, а со ваков фудбал секогаш постои ризик доколку играте против Тотенхем. Ни недостигаше вештина во нападот, смиреност и контрола на топката против добар тим како Тотенхем, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Арсенал со 14 бодови е на 5. место, Тотенхем има исто така 14 бодови и е четврти. 

Треба да знаете
Последни објави