Search

Хеликоптер на МВР исфрли над 45 тони вода врз пожарот кај Милетино

Хеликоптер на МВР вчера и денеска исфрли над 45 тони вода врз пожарот кај село Милетино. Во текот на вчерашниот (22.09) ден хеликоптерот на МВР учестуваше во гасење на пожарот со исфрлени над 20 тона вода. По барање на Центарот за управување со кризи денеска, хеликоптерот на МВР Белл-212 повторно учестуваше во гаснење на пожарот и исфрли преку 25 тона вода. Пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за локализирање на пожарот, соопштија од МВР.

Треба да знаете
Последни објави