Search

Украина тврди дека синоќа соборила 18 руски беспилотни летала и 17 проектили

Украинската армија денеска соопшти дека соборила 18 дронови и 17 ракети лансирани од Русија во последните ноќни напади на украинска територија.

Соборени се 18 беспилотни летала, од вкупно 24 испратени во правец на Миколаев и Одеса на југ, соопшти украинската армија преку Телеграм. Според нив, уништени се и 17 крстосувачки ракети.

Руските власти утринава објавија дека собориле неколку украински беспилотни летала во текот на ноќта на Крим, во регионот на Москва, како и во Белгород и Воронеж, во близина на границата со Украина. 

Треба да знаете
Последни објави