Отворање на Центар за фетална медицина во Клиниката за гинекологија и акушерство

На ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје денеска  ќе биде отворен Центар за фетална медицина.

На настанот ќе присуствува и министерот за здравство Фатмир Меџити.

На 3 февруари годинава, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на РСМ, Министерството за надворешни работи на Република Грција и Фондацијата за фетална медицина. Меморандумот предвидува соработка, согласно Програмата за фетална медицина за периодот 2022-2025 година, со кој се опфатени иницијативи за отворање и опремување оддел за фетална медицина, спроведување континуиран тренинг на доктори специјалисти, обезбедување едукативни материјали и услови за воспоставување телеконференциска врска меѓу клиниката и врвни експерти, супспецијалисти за фетална медицина од Европа и светот. 

Треба да знаете
Последни објави