Големи експлозии на Крим и во рускиот град Саратов

На Крим се случи голема експлозија, а на видеата кои се шират на социјалните мрежи се гледа голем пламен во ноќта. 

Голема експлозија се случи и во рускиот град Саратов на илјада километри од украинската граница, каде се наоѓа воздухопловната база Енгелс.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 11 украински беспилотни летала биле уништени над Крим. Оттаму додадоа дека се уништени и пет украински морски беспилотни летала кои нападнале брод на руската морнарица во Црното Море. 

Треба да знаете
Последни објави