Search

Кутињо позајмен на катарски Ал Духаил

Бразилскиот фудбалер Филипо Кутињо ќе настапува до крајот на оваа сезона во редовите на катарски Ал Духаил, како позајмен играч од Астон Вила, потврди премиерлигашот од Бирмингем.

Поранешниот фудбалер на Барселона, Ливерпул и минхенски Баерн, се сели во катарското првенство откако стана јасно дека не е во плановите на тренерот на Астон Вила, Унаи Емери.

Бразилецот оваа сезона запиша само два настапи за Астон Вила, последниот на 20 август против Евертон.

Кутињо за Астон Вила одигра вкупно 43 натпревари во кариерата и постигна шест голови. 

Треба да знаете
Последни објави