Search

УЕФА го зголеми фондот за клубовите без пласман во групната фаза

 Фудбалските клубови кои нема да успеат да се пласираат во групната фаза во едно од трите европски клупски натпреварувања од следната сезона ќе добијат поголем дел од приходот од УЕФА, согласно новиот модел на распределба објавен денеска.

УЕФА и Здружението на европски клубови (ЕЦА) потпишаа нов договор со важност до 2030 година, кој „ќе ја засили долгорочната стабилност и одржливиот раст во европскиот клупски фудбал“, се наведува во официјалното соопштение.

Здружението на европски лиги, кое ги застапува професионалните фудбалски лиги во Европа, прецизираше од своја страна дека измените ќе донесат 308 милиони евра за распределба меѓу клубовите, во споредба со сегашните 175 милиони евра.

„Денешната објава ќе им помогне на сите клубови ширум Европа да ја зачуваат својата конкурентност на теренот и надвор од него, додека продолжуваат да инвестираат во младите и развојот на таленти“, се додава во заедничкото соопштение на УЕФА и ЕЦА. 

Треба да знаете
Последни објави