Search

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

По Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман од жешкото столче на германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен се откажа и искусниот тренер Ралф Рангник. Иако беше најавено дека преговорите се пред успешен крај за да го преземе кормилото на Баерн Минхен, денеска се случил неочекуван пресврт во развојот на ситуацијата откако тој решил да остане на селекторското столче на Австрија. Баерн преговараше со Рангник да го преземе клубот од следната сезона, а дури и новинарот Фабрицио Романо објави дека двете страни се блиску до договор. -Јас ја тренирам Австрија со моето срце. Останувам во репрезентацијата и мојот фокус е на Европското првенство, изјавил Рангник.

Треба да знаете
Последни објави