Search

Медведев го победи кумот Рубљов за пласман во полуфиналето на УС Опен

Рускиот тенисер Данил Медведев е третиот полуфиналист на последниот четврти сезонски гренд-слем турнир, УС Опен кој го освои пред две години. Третиот тенисер на АТП ранг-листата Медведев во четвртфиналето го совлада својот кум и сонародник, Андреј Рубљов со максимални 3:0 (6:4,6:3,6:4) по два часа и 48 минути игра. Медведев во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Карлос Алкараз – Александер Зверев. Во другото полуфинале ќе играат најдоброрангираниот на АТП-листата, искусниот 36-годишниот Србин Новак Ѓоковиќ и младиот 20-годишен Американец Бен Шелтон.

Медведев покрај тоа што играше против осмото рангираниот тенисер во светот Рубљов, проблем му создаваше топлото време во Њујорк поради што неколкупати за време на мечот му беше укажана медицинска помош.

Во првиот сет, Рубљов прв направи брејк и поведе со 0:2 во гемови, но Медведев успева да направи пресврт двапати одземајќи го сервисот на кумот и на крајот на слави со 6:4.

Вториот сет беше исполнет со брејкови, беа одиграни девет гема, и дури во шест беше направен брејк. Овој пат Медведев прво го зададе ударот и направи брејк во првиот гем. Но, Рубљов ги одзеде следните два сервис гема на Медведев и поведе со 1:3, по што следеше нова серија од три брејка на третиот светски тенисер за 6:3 и водство од 2:0 во сетови. Во третиот сет, клучниот гем беше десеттиот гем кој траеше дури 15 минути и ги исцрпи двајцата тенисери. Но, повеќе сили на крајот имаше Медведев кој ја искористи петта брејк и меч топка за триумф од 6:4 и пласман во полуфиналето.

Треба да знаете
Последни објави