Search

По Србија и САД убедливо стигна во полуфиналето на мундобаскетот

По Србија, втор патник во полуфиналето на Светското првенство во кошарка е селекцијата на САД. Во Манила, Американците ја растурија Италија (100:63). Главниот фаворит за освојување на златниот медал САД со половина сила го скрши отпорот на противникот уште на самиот почеток под мечот. На крајот на првата четвртина имаа предност од 22 поени, а на полувреме заминаа со 46:24.

Стив Кер и неговите помошници очигледно им порачаа на играчите во соблекувалната дека нема опуштање, па во третата четвртина се засилија и ја завршија приказната со 37 нови кошеви, наспроти 20 италијански. Последната четвртина беше рутински одработена за конечни 100:63.

Најдобар поединец на натпреварот беше Микал Бриџис со 24 поени и седум скока, со одличен шут за тројки (4/6).

Кај Италијанците најмногу се истакна крилото на Јута Џез, Симоне Фонтекио со 18 поени.

По дебаклот во Кина во 2019 година, Американците сакаат дома да го донесат победничкиот пехар, а следен противник ќе им биде Германија или Летонија по нивната пресметка (среда, 10:45 ч.).

Во четвртото четвртфинале, веројатно највозбудливото, ќе се сретнат Словенија и Канада (среда, 14:30 часот).

Треба да знаете
Последни објави