Search

Полска беше преголем залак за Македонија

Македонската одбојкарска репрезентација не направи хет-трик победи на Европското првенство (ЕП) чиј коорганизатор е и Скопје. Македонија вечерва во групата Ц загуби од фаворитот Полска со 0:3 (12:25, 21:25 и 14:25). По стартните победи над Данска и Црна Гора во СЦ „Борис Трајковски“, „црвено-жолтите“ се пред оставрување на целат пласман во осминафинаклето од нокаут-фазата. Против силната селекција на Полска само ги тестираа своите можности. Покажаа на момети дека можат да направат и чекор понапред. Со евентуален нов триумф во вторник против Холандија (17 ч.) и в среда со Чешка (20 ч.) Македонија ќе атакува на второто или третото место во групата со цел да се избегне Италија во осминафиналето.

Полјаците, освојувачи на Светската лига на нации, докажаа зошто се фаворити не само во нашата група, туку се и едни од главните кандидати за освојување на златниот медал на ова ЕП.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски беа свесни за големиот предизвик, дадоа добар отпор особено во вториот сет кога имавме 21:21, но противникот во клучните моменти врза четири поени во серија и го освои сетот за 2:0.

Најефикасен македонски репрезентативец беше Н. Ѓоргиев со 12 поени, а на спротивната страна 17 поени имаше Беднорж.

По три одиграни кола на табелата во групата „Ц“ води Полска (9:1) со девет бодови, пред Холандија (7:3) и Македонија (6:4) со по шест, по три имаат Чешка (3:7) и Црна Гора (3:7), а последна е Данска (3:9) без бодови.

Треба да знаете
Последни објави