Search

Миленкоски: Игравме против најдобрата екипа на планетата

Македонската одбојкарска репрезентација очекувано е поразена од Полска со максимални 3:0 во сетови, во 3. коло од групата Ц на Европското првенство, чиј ко-организатор е и Скопје. По двете победи над Данска и Црна Гора не се бараше триумф и против фаворизираната Полска која освои две од последните три светски првентва, а на третото играше во финалето. Македонскиот селектор Јошко Миленкоски е свесен со гого вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ неговите избраници си имаа работа, иако играа пред домашната публика.

-Игравме против најдобрата екипа на планетата, против подобри не сум играл. Играв против еден поранешен мој играч, Бартож Курек, кој беше во моја екипа, потоа стана МВП на Светско првенство. Висок е 210 сантиметри и не можете да најдете против-игра на него. Тие сервираат со 120-130 на час. Можеби нашите симпатизери кои не следат толку одбојка ни ги знаат овие играчи, но тие што следат знаат против кого игравме. И другите репрезентации тешко играа против Полјаците. Ќе се обидеме нешто повеќе да направиме на последните натпревари од групата со Холандија и со Чешка. Можеби сме во осминафиналето, но едно црно сценарио вели дека и Црна Гора има уште шанси ако победи со некој од фаворитите. Но и ние имаме уште два наптревара. Сега дојде момент кога треба само да уживаме на ова Европско првенство против големи репрезентации, вели Миленкоски.

Треба да знаете
Последни објави