Search

Арсенал во судиското продолжение го скрши Манчестер јунајтед

Арсенал го доби дербито во 4. коло од англиската фудбалска Премиер лига против Манчестер јунајтен со 3:1. Натпреаврот во Лондон донесе многу возбудувања, а неизвесна беше самата завршница кога во судиското продолжение беше скроен конечниот резултат. Арсенал стигна до третата премиерлигашка победа.

Маркус Рашфорд во 27. минутаобезбеди водство на „црвените ѓаволи“ од 1:0, но веднаш „топчиите“ потоа Мартин Одегард искористи одлична шанса за 1-1.

Јунајтед постигна втор гол во 88 минута преку Алехандро Гарначо, но по интервенција на ВАР системот беше утврдено дека постоела офсајд позиција и поради тоа погодокот беше поништен. Тоа му даде нов живот на домаќинот кој длабоко во судиското продолжение даде два гола за славје од 3:1.

Летното засилување Деклан Рајс погоди во 96 минута за целосен пресврт на Арсенал, а трите бода ги осигура нововлезениот Габриел Жезус во 101 минута.

Треба да знаете
Последни објави