Search

Мицкоски: Да не се одолговлекува седницата за уставни измени

Христијан Мицкоски денеска имал редовна координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Како што објави тој на социјалната мрежа Фејсбук, на координацијата биле донесени заклучоци дека нема да има уставни измени под бугарски диктат и дека се остро против законските решенија кои предвидуваат зголемување на давачките, повисоки даночни опфати кои директно влијаат врз зголемување на сиромаштијата. 

„Бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени. Ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата за правење на компромиси на штета на државните интереси“ стои во објавата на Мицкоски на Фејсбук. 

Треба да знаете
Последни објави