Search

Ковачевски: Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој да печали на грбот на граѓаните

Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, рече денеска премиеррот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањата на некои од основните производи.

Интервенциите, како што информира, најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цена.

Ковачевски најави дека ќе има проблем со млекото, поради што утре ќе одржи состанок со министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

-Ги следиме цените, со економските министри веќе разговаравме за идните мерки што ќе се преземат, пред се, во делот на маржите и во делот на разликата во цените од производителите до финалната цена на рафт. Сигурно ќе следуваат нови мерки, зашто никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните, потенцира Ковачевски.

Според него, се јавува криза во снабдувањето на млечната индустрија, има недостиг во некои региони во светот поради војната во Украина.

Треба да знаете
Последни објави