Search

Уписи на УКИМ – нова хиперпродукција на правници

Денес и утре во тек се уписите на најголемиот универзитет во државата Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

На сите факултети слободни се 10.473 места за идните академски граѓани.

Од нив, речиси 10% или 1055 слободни места се наоѓаат на Правниот факултет.

На правни студии предвидени се дури 725 слободни места, со што продолжува праксата на хиперпродукција на правници.

Ваквата пракса се случува постојано во годините наназад, Правниот факултет е еден од најатрактивните за упис на матурантите.
725 правници на едвај два милиони жители е навистина сериозна бројка, па затоа и не чуди што во листата на невработени, најбројни со завршено високо образование се токму правниците.

Треба да знаете
Последни објави