Бектеши: Бројот на странски туристи за шест месеци поголем за 40 отсто

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со претставници на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ).
Главна тема на разговор на состанокот беа мерките и можностите за поддршка кои што ги превзема Министерството за економија и Владата за подобрување на условите во туристичко- угостителскиот сектор.
Министерот Бектеши кажа дека оваа година имаме успешна туристичка сезона, а очекувањата се дека овој тренд ќе продолжи и во наредните два месеци.
“Оваа година имавме успешна туристичка сезона, посебно во охридскиот и струшкиот регион, а тоа го покажуваат и податоците кои се објавени од страна на Државниот завод за статистика каде што има над 40% зголемување на бројот на странски туристи во првите шест месеци годинава, , а согласно сите податоци кои денеска ги добивме од хотелиерите, овој тренд на зголемување на бројот на туристи ќе продолжи и во наредните два месеци“ кажа министерот Бектеши по средбата со раководството на ХОТАМ.
Министерот Бектеши кажа дека веќе се започнати активности во делот на креирање на мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор во делот на подобрување на условите за табота на хотелиерите и туристите.
„И токму во оваа насока Министерството за економија и Владата започнаа да изработуваат нови програми се со цел да се помогне на хотелиерството и на државата за подобрување на усоловите со што ќе се поттикне зголемување зголеми бројот на туристи кои би биле позадоволни од престојот и би останале подолго во нашата држава. Тоа размислуваме да го направиме преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите каде што една од можностите е да се вклучи секторот угостителство и хотелиерство во вид на директни грантови за дополнителни инвестиции во подобрување на условите“ кажа министерот и додаде дека како можност се разгледува и измена на постоечкиот Правилник за субвенционирање на туристи.

“Исто како начин на поддршка би било и преку измена и дополнување на постоечќкиот Правилник за субвенционирање каде што еден дел од средствата кои се делат од страна на институциите да се насочи директно кон хотелите и со тие средства да се реализираат нови инвестиции“ кажа Бектеши.

Треба да знаете
Последни објави