Search

Пендаровски-Фиала: Континуирана е поддршката од Чешка за македонските интеграции во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Чешката Република, денеска во Прага оствари средба со претседателот на Владата на Чешката Република, Петр Фиала.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што во изминатите три децении се карактеризираат со широка соработка во повеќе сфери од заемен интерес.

Посочувајќи ја Чешката Република како важен партнер во НАТО, ОН и ОБСЕ, претседателот Пендаровски ја нагласи заложбата од македонска страна за натамошно јакнeње на односите со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално ниво, така и во доменот на економската соработка.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната и принципиелна поддршка на Чешка за пристапниот процес на нашата држава во ЕУ и изрази очекување таа да продолжи и во иднина.

На средбата беа размемети мислења за севкупните состојби во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина.

Треба да знаете
Последни објави