Search

Битиќи: Договорите во четири очи на ВМРО-ДПМНЕ ја чинат државата стотици милиони евра, ќе сториме се за да ги заштитиме интересите на државата

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција, истакна дека арбитражните постапки кои се водат против државата, а се координирани од телото за арбитражни постапки во моментов се со проценета вредност од над 1,3 милијарди евра.

Од нив најмалку 110 милиони евра побарува албанската Групација Амадеус за прекинатиот проект „Шпански скали“ за кој се води и судски процес.

Свои побарувања има и италијанската ФЦЛ Амбиенте која Град Скопје во 2011 и 2012 ја избрал за свој партнер за инвестирање, управување и работење со депонијата Дрисла, за која во 2017 и 2018 година Управниот и Вишиот Управен Суд носи пресуди со кои Судот го поништува решението за избор на ФЦЛ Амбиенте за приватен партнер за управување со депонијата.

Во 2019 година со одлука на Град Скопје тендерот за приватен партнер на градот за депонијата Дрисла е поништен.

Ова се само два од неколкуте примери каде преку арбитражна постапка се бара оштета од Република Македонија.

Сето ова, според вицепремиерот Битиќи е последица од неодговорното работење на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години.

„Несовесното раководење, договорите во четири очи и негрижата за јавното добро и години по владеењето на ВМРО – ДПМНЕ ја изложуваат нашата држава на ризици и парите на нашите граѓани место да бидат употребени во развојни проекти ќе треба да се користат за одбрана на државата и нејзините интереси пред меѓународните судови“ порача Битиќи.

Тој истакна дека Владата преку Координативното тело за следење на арбитражни постапки, произлезени од меѓународни договор со кое тој лично претседава, ќе стори се за да го заштити интересот и меѓународниот углед на државата.

„Во овој момент сакам да ве информирам дека веднаш се преземени дејствија и навремено се започнати сите процеси со цел соодветна заштита на правните интереси на државата и секако јавните добра, затоа што евентуалното непреземање на правни дејствија би значело евентуално губење на ваквите спорови пред меѓународните судови, за што во минатото има такви пракси.

Токму за оваа цел во 2017та е формирано координативно тело за следење на арбитражни постапки, произлезени од меѓународни договор, со кое јас претседавам, а во него членуваат министрите за економија, финансии и правда, и државниот правобранител на Република Северна Македонија

Задачата на ова тело е да обезбеди координативен пристап на прашањата поврзани со следење на активностите поврзани со решавање на спорови кои се водат или ќе се водат пред договорени меѓународни арбитражи. При што задачите на координативното тело не ја исклучуваат надлежноста на институциите кои се вклучени во постапките. Доброто правно застапување е важно за угледот на државата бидејќи добиениот спор пред меѓународните судови го потврдува владеењето на правото во нашата држава и дава позитивен сигнал пред инвеститорите. Арбитражните постапки кои се водат против државата ,а се координирани од телото за арбитражни постапки во моментов се со проценета вредност од 1.365.000.000 евра. Сите постапки се за периодот пред 2017 година, кога се настанати наводните прекршувања на меѓународни договори за заштита на инвестиции“ посочи Битиќи на денешната прес-конференција.

Треба да знаете
Последни објави