Search

Албанска компанија „Амадеус Груп“ ја тужи државата и бара отштета од 110 милиони долари за стопирање на изградбата на хотел и трговски центар

Албанска групација „Амадеус Груп“ ја тужи Северна Македонија во Меѓународниот центар за разрешување спорови во Вашингтон, барајќи отштета од 110 милиони долари, пишува  Shqiptarja.com(Шќиптарја) повикувајќи се на Oligarkia.al.

Основата на спорот е изградбата на хотел и трговски центар во центарот на Скопје. Според тужбата, проектот е закочен, а компанијата која е во сопственост на Бесим Елшани и Елисабета Ѓони од владата на Северна Македонија бара отштета од 110 милиони евра,

Истиот извор наведува дека во 2014 година, владата во Скопје започна „агресивна програма за обнова на главниот град со згради во класичен барокен стил за да се истакне историјата на земјата“.

-Програмата чинела најмалку 650 милиони евра од државниот буџет, додека приватните компании биле ориентирани да градат по овој стил. Истата година, албанската компанија „Амадеус Груп“ преку договор купила парцела во центарот на Скопје од владата на Северна Македонија, каде што требало да изгради хотел во барокен стил висок 16 метри, но очигледно страните не успеаја да го реализира проектот поради спорови, стои понатаму во написот.

Во Албанија, „Амадеус Груп“ е сопственик на познатата зграда Амадеус Палас, на местото наречено клучката на Ринаси. За оваа зграда, која со години е нефункционална, имаше неколку обиди да се претвори во хотел и казино. Но, засега сè  уште нема активност таму.

Албанската фирма Амадеус груп стана сопственик на три парцели во општина Центар на атрактивни локации. На две од нив беше предвидено да се изградат хотели, а на едната комерцијално деловен објект, односно таканаречените Шпански скали. Амадеус груп го купи државно земјиште за едно евро по метар квадратен .

Треба да знаете
Последни објави