Search

Вечерва пријави за неколку активни пожари, се интервенира на терен

Вечерва на европскиот број за итни повици 112 биле добиени пријави дека има пожари на повеќе локации во земјава и дека повеќето се поради запалени стрништа и ниви.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека две екипи на Територијалната противпожарна единица од Битола интервенираат во гаснење на запалено стрниште кај селото Новаци, кој се шири кон селото Стрновци.

Пријава дека има запалено стрниште е добиена и за влезот во селото Романовце.

Од ЦУК информираат дека шумски пожар од село Лојане се движи према селото Ваксинце, за што се известени од Територијалната противпожарна единица од Куманово за да се интервенира.

Пријава на бројот 112 има и за пожари на отворено, и тоа еден кон езерото Мантово, за што се известени пожарникарите од Штип. Вториот пожар на отворено е кај селото Теново во Општина Брвеница, каде е пријавено дека горат ниви, а на терен веќе се испратени екипите од Територијалната противпожарна единица од Тетово кои интервенираат со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Две противпожарни возила и четворица пожарникари, како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Пробиштип, се вклучени во гаснење на пожар кај селото Ратевица, каде што гори нива.

Треба да знаете
Последни објави