Search

Путин одржа состанок во командниот штаб на вооружените сили во Ростов на Дон

Рускиот претседател Владимир Путин утрово одржа состанок во седиштето на руските вооружени сили во градот Ростов на Дон.

„Претседателот (на Русија) ги слушаше извештаите на началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов, команданти на некои области и други високи офицери на групата“, соопшти Кремљ, пренесе агенцијата ТАСС.

Путин до Штабот дошол со автомобил, а го пречекал Герасимов.

Извештај за ситуацијата на фронтот поднесе заменик началникот на Генералштабот Сергеј Рудској, пренесе ТАСС. 

Треба да знаете
Последни објави