Search

(Видео) Навивачка пресметка во Атина меѓу симпатизерите на АЕК и Динамо Загреб со една жртва

Грчките медиуми јавуваат за тепачка во Атина, меѓу навивачите на АЕК и хрватскиот Динамо Загреб во која едно лице на 22-годишна возраст го загубило животот. Младото момче кое е убиено во тепачката е од групата на грчкиот АЕК.

Денеска со почеток од 20:45 часот АЕК ќе го пречека Динамо Загреб во меч од квалификациите за плкасман во групната фаза од елитното европско клупско фудбалско натпреаврување Лигата на шампионите.

Натпреварот е од висок ризик и издадена е забрана за присуство на гостинските навивачи „Бед Блу Бојс“. Навивачите на Динамо Загреб и покрај забраната отпатуваа во Атина.

Грчките медиуми „Газета“ и „Спорт24“ објавуваат дека навивач на АЕК загинал по убод со остар предмет. Момчето било пренесено во болница со брза помош, каде докторите се бореле да му го спасат животот, но не успеале. Со него биле уште неколку повредени навивачи, кои постојано зборувале на телефон и се држеле за глава во очај поради очигледната загуба.

Во болницата имало повеќе повредени навивачи, имало и Грци и Хрвати. Според медиумите во Грција, во Атина отпатувале повеќе од 150 навивачи на Динамо Загреб.

Треба да знаете
Последни објави