Search

Таравари: Не го гледам како опасност формирањето на новиот политички субјект на Меџити

Претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари денеска, коментирајќи ги најавите на Изет Меџити за формирање на нов политички субјект, рече дека ова политичко движење не го гледа како опасност за неговата партија. 

– Воопшто не го гледам тоа како ризик. Ние имаме свои структури. Ја покриваме целата територија на државата каде живеат Албанци, така што засега не гледам никаква опасност, секој има своја траекторија во политиката, рече Таравари во изјава за медиумите по настанот на кој беа доделени дипломи на лица со посебни потреби и невработени лица.

На Меџити му посака успех и изрази надеж дека ќе го реализира она што го планира. 

Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, која официјално ќе биде промовирано на 13 август. Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат подготвени за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат подготвени за секаков вид на предизвици што можат да се појават во меѓувреме. 

Треба да знаете
Последни објави